САМО ПО НАРАЧКАМЕД СО СУПЕРМОЌИ
Автентичен Манука мед од Нов Зеланд.Сиров, неизмешан и UMF сертифициран.Од Нов Зеланд, директно до Македонија.

Зошто да изберете Манука мед?
Природен извор на енергија
Манука медот содржи природни јаглехидрати кои обезбедуваат брзо достапна енергија за организмот. Поради тоа е одличен избор пред физичка активност или како природна поддршка во текот на денот.
Антибактериска активност
Благодарение на високата концентрација на MGO, Манука медот покажува силна антибактериска активност против широк спектар микроорганизми. Неговото дејство е предмет на бројни научни истражувања и го издвојува од останатите видови мед.
Поддршка на имунолошкиот систем
Манука медот содржи природни биоактивни соединенија кои придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем и заштита на организмот од оксидативен стрес.
Антиинфламаторно дејство
Истражувањата покажуваат дека Манука медот може да го намали воспалителниот одговор преку влијание врз воспалителните медијатори, со што придонесува за одржување на здрави ткива.
Заздравување на рани
Манука медот создава поволна средина за регенерација на ткивата, го намалува ризикот од инфекции и е еден од најистражуваните природни производи за третман на рани.
Здравје на дигестивниот систем
Научните истражувања укажуваат дека Манука медот може да помогне во инхибиција на Helicobacter pylori, да придонесе за одржување на здрава цревна микрофлора и да помогне во ублажување на симптомите кај гастроезофагеалната рефлуксна болест (GERD).
Природен антиоксиданс
Богат е со полифеноли и други природни антиоксиданси кои помагаат во неутрализирање на слободните радикали и ги штитат клетките од оксидативен стрес.
Орално здравје
Истражувањата покажуваат дека Манука медот може да придонесе за намалување на бактериите во усната празнина и да помогне во одржување на здравјето на непцата и забите.
Здравје на кожата
Благодарение на своите антибактериски и антиинфламаторни својства, Манука медот често се користи во производи за нега на кожата, особено кај чувствителна, иритирана или проблематична кожа.
Поддршка на општото здравје
Благодарение на богатата комбинација од биоактивни соединенија, антиоксиданси и природни ензими, Манука медот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес и поддршка на нормалното функционирање на организмот како дел од разновидна и балансирана исхрана.
UMF и MGO. Два стандарди. Еден Манука мед.
Пред да стигне до Вас, секоја серија поминува низ лабораториски тестирања. UMF ја гарантира автентичноста на Манука медот, а MGO ја потврдува концентрацијата на неговата природна активна состојка.
САМО ПО НАРАЧКАДДВ вклучен
Погледни го производот
ДДВ вклучен
Погледни го производот
ДДВ вклучен
Погледни го производот
9 HEALTH ?
Не сите манука медови се исти. Ние поставуваме повисоки стандарди за да добиете автентичен производ во кој можете да имате доверба.
9 HEALTH | Други брендови | Обичен мед | |
|---|---|---|---|
| UMF сертифициранГарантира автентичност и квалитет. | Да | Не | Не |
| Лабораториски тестиранСекоја серија е тестирана од независни лаборатории. | Да | Не | Не |
| Природно присуство на MGOПотврдено присуство на природно активниот соединение MGO. | Да | Не | Не |
| Природен составБез пастеризација и без додатоци. Зачуван во својата природна форма. | Да | Не | Не |
| Директен увоз од Нов ЗеландГарантиран квалитет и целосна следливост на потеклото. | Да | Не | Не |
| Од изворот директно до васБрза и сигурна испорака до вашиот дом. | Да | Не | Не |
Што е МГО, а што УМФ
- Што е MGO?
- MGO (метилглиоксал) е природно биоактивно соединение кое е главниот носител на антибактериската активност на Манука медот. Колку е повисока MGO вредноста, толку е поголема концентрацијата на ова соединение во медот.
- Што е UMF?
- UMF (Unique Manuka Factor) е меѓународно признат систем за сертификација на автентичноста и квалитетот на Манука медот. Покрај концентрацијата на MGO, UMF ги зема предвид и други природни маркери, како што се лептосперин и DHA, со што гарантира дека медот е автентичен Манука мед од Нов Зеланд.
Од цветот до теглата.
Цветот
Сè започнува со цветот на чајното дрво Манука (Leptospermum scoparium), кое цвета само неколку недели годишно во дивите предели на Нов Зеланд.
Кошницата
Во кошницата медот природно зрее. Во тој процес постепено се создава MGO, кој е еден од најважните карактеристики на автентичниот Манука мед.
Пчеларот
Неговото знаење, пренесувано низ генерации, е дел од секоја тегла Манука мед.
